Летната сцена „Славиша Кајевски“ 2025 – проект кој по втор пат ја продолжува традицијата на културно оживување на нашиот град.
Оваа година доаѓаме со нова енергија и свеж концепт, а во соработка со „Стереолаб“, а подржано од Телеком го прошируваме опфатот и значењето на настанот. Средствата собрани преку програмата ќе бидат наменети за хуманитарни цели во Кочани – уште еден доказ дека културата може да биде двигател на солидарноста.
Изразуваме голема благодарност до Support Кочани, како и до Филип Цветков, кој го изработи дизајнот за хуманитарната иницијатива. Билетите ќе бидат по симболична цена од 300 денари, со што настанот ќе биде достапен за што поголем број граѓани.
Ви благодариме што сте дел од оваа приказна.